Пет начини како да останете најдобрата верзија од себеси

0

Во свет кој брза, трча и никогаш не застанува, не е лесно да се остане искрен и автентичен кон себе и сопственото „јас“. Со тоа, многу лесно можеме да ги замениме нашите ставови и да започнеме да чекориме по патот кон кој некој друг нè упатил.

Завидливо ги набљудуваме туѓите животи на социјалните мрежи и ги споредуваме со нашиот, копнеејќи по романтична врска, безбројни патувања и животен стил, кој најчесто не е реален.

Доколку се препознавте во овие зборови, не грижете се – не сте единствени. Кога животот ќе Ви изгледа „нестабилен“ и не сте сигурни дали живеете во „своја магија“, застанете и вдишете длабоко. До ова најчесто доаѓа кога не се слушаме себеси и нашата интуиција, не ги следиме своите желби и не се посветуваме на работите што нè прават среќни.

Дури и доколку моментално не се чувствувате дека живеете во „својата магија“, во наредните неколку редови Ви откриваме 5 начини како да останете најдобрата верзија од себеси. Можеби некои од овие совети ќе Ви изгледаат тешко применливи, бидејќи бараат поголем труд, но верувајте – тие навистина вредат.

Играјте во својот ритам

За да останете најдобра верзија од себеси, пред сѐ морате да се сакате и да останете верни на личноста која сте, без разлика на тоа што е во тренд или кои стандарди моментално се актуелни во Вашето општество. Доколку Вашите приоритети се поразлични од приоритетите на другите луѓе околу вас, тоа е сосема во ред.

Никој, ниту родителите, ниту пријателите, ниту еден астролог, а уште помалку општеството не може да Ви каже каде се крие Вашата среќа. Затоа гледајте на тоа вака – Вие сте единствена личност на планетата која е баш онаква каква што е. Затоа осветлете го светот со Вашата светлина и не се споредувајте со останатите. На светот му е потребна Вашата магија!

Воведете мали ритуали за нега – Вашата кожа ќе Ви биде благодарна

Сега е вистинско време да започнете да ја градите иднината на Вашата кожа. Сите ние живееме брзо, спиеме малку, понекогаш не ја отстрануваме шминката од лицето и потоа се чудиме од каде се појавила токму таа акна на образот, зошто нашите пори се проширени, а тенот изгледа бледо? И од каде тие брчки околу очите и надуените капаци?

Воведувањето на неколку клучни навики во Вашата секојдневна рутина, како додаток на посебно одбран режим на нега на кожата, може значајно да придонесе кон малку поинаков развој на настаните.

Секогаш користете хидрантна крема со висок заштитен фактор, без оглед на временските услови бидејќи УВ зраците можат да продрат низ Вашата кожа, дури и кога е облачно. Исто така, не заборавајте на кремата за околу очи.

Дружете се со луѓето што ги сакате

Ова делува како едноставен и класичен совет, но всушност премногу често ги одложуваме кафе-средбите со луѓето кои најдобро нè познаваат, кои нѝ помагаат да се опуштиме и да размислуваме за други работи кои немаат врска со кариерата или работите кои нè оптоваруваат, бидејќи сме презафатени.

Запрашајте се колку навистина сте зафатени, а колку работи од Вашата листа со обврски можат да почекаат? Не е страшно ако не ги прецртате сите десет точки кои сте ги планирале. Пријателите ќе Ви го вратат еланот и позитивната енергија, затоа не ги запоставувајте.

Пронајдете го Вашиот момент на мир – секој ден

Одвојте барем половина час за себе секој ден, кога едноставно ќе се “исклучите”. Исклучете го мобилниот телефон, нотификациите, заборавете на проблемите и обврските кои Ве чекаат тој ден и посветете се на себеси.

Без разлика дали ќе одлучите да се прошетате, да возите велосипед, да трчате или да вежбате јога, пронајдете го Вашиот „издувен вентил“ кој ќе Ви помогне да се “регенерирате” и да се опуштите за денот кој е пред Вас.

Разубавете го светот околу себе

Како што и Вие имате работи кои Ве мачат, така и другите имаат свои проблеми. За да останете најдобрата верзија од себеси, обидете се да го направите животот помалку комплициран за луѓето околу вас. Бидете причина за нечија насмевка, поделете некој комплимент, понудете помош кога ќе забележите дека таа е потребна и бидете отворени за промени. Тие го прават животот поинтересен!

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb