петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаСпортЃорѓиев: Брегалница од последните три натпревари есенва очекува најмалку 5-6 бода
spot_img

Ѓорѓиев: Брегалница од последните три натпревари есенва очекува најмалку 5-6 бода

По ремито со Шкендија во Штип, фудбалерите на Брегалница веќе утре во 16. коло од Првата македонска фудбалска лига ги очекува гостувањето во Струмица против екипата на АП Брера.

Ѓорѓи Ѓорѓиев против Шкендија го постигна својот прв првенствен гол сезонава, сега како мотив повеќе и за пресметката против струмичани.

„Моментално сум во добра форма после кратката пауза и очекувам добри партии на секој од натпреварите кои преостануваат до крајот на поусезоната и најважно од се – голови! Бодот со Шкендија верувам ќе влијае за уште подобро издание против Брера. Докажавме и на претходните натпревари дека имаме феноменална игра и дека со секој од тимовите со кои играме можеме да се носиме. Атмосферата е на одлично ниво и верувам дека полека треба да одиме во некоја вертикала на позитивни резултати. Со Брера нема да биде лесно, како и со секој друг противник, но верувам дека имаме добри шанси да дојдеме до победа против Струмичани“ – вели Ѓорѓиев за официјалната интернет страница на клубот.

До крајот на есенскиот дел, на Брегалница и остануваат уште три натпревари, против АП Брера, Воска и Струга.

„Искрено и објективно, верувам и очекувам да дојдеме минимум до 5-6 бодoви од овие три последни натпревари“ – истакнува Ѓорѓиев.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ