Најуредната жена во Америка ви открива трикови коишто ќе ви го олеснат средувањето низ домот

0

Токму поради нејзините одлични трикови, Американката Александра Костело прерасна во вистинска ТВ ѕвезда, а видео записот во којшто покажува интересни решенија за организираност во домот просто стана вирален.

Професионалната организаторка Александра Костело живее веројатно во најдобро организираната куќа во Америка, а таа потенцира дека само со помош на неколку нешта таа успеала од корен да го трансформира својот животен простор.

Александра напоменува дека за тоа нема да ви биде потребен голем буџет, туку единствено само добар план.

Во разговорот за британскиот “Daily Mail”, организаторката го открива и својот прв совет, а станува збор за одредување токму на оние нешта коишто често и секојдневно ги употребувате, за разлика од оние коишто се и веќе неупотребливи. А трикот се крие во тоа што употребливите предмети може да ги направите поорганизирани и попристапни токму со помош на неупотребливите предмети.

Вистински пример за тоа е тавчето за печење коешто на пример ретко го употребувате. Во него може да ги разместите зачините коишто потоа лесно ќе ги пронајдете. Александра наведува и дека, на пример, и стариот сад са сушење на чинии и чаши може да тане одличен предмет во којшто може да ги организирате вашите канцелариски материјали.

На крајот, оваа жена советува за секоја вечер да посветите 15 минути за исфрлање на непотребните нешта од домот и за малку средување како во викендите не би не пречекал огромен неред, а тоа е нешто со коешто сите ние дефинитивно се соочуваме.

Костело сите овие трикови ги открила во видео-материјал прикачен на нејзиниот канал, а практичните совети ги воодушевија домаќинките ширум светот. Верувајте ни, ќе ве воодушеват и вас. Погледнете:

Сподели.


Коментарите се затворени.