Исповед на кума од Србија – Во плико ставила 20 евра а потоа невестата ја изненадила со својата изјава

0

Несекојдневна сцена на венчавка во Србија, објави анонимна девојка која викендов и се мажела најдобрата другарка , па како што е редот таа била поканета да биде кума.

Финансиската состојба и била лоша и не неможела да даде многу, па затоа невестата ја изненадила со неочекуван гест.

Еве што напиша таа:

-Минатиот викенд се мажеше мојата најдобра другарка , а јас и мојот сопруг однесовме плико со 20 евра во него. бевме свесни дека е тоа малку, посебно зошто бев кума, ама навистина немав повеќе. Јас не работам а мојот сопруг заработува 250 евра месечно и едвај преживуваме. Најлошо беше кога ги собра ковертите , одлучи на микрофон да каже кој колку пари донел- напишала кумата.

Прв пат некој јавно да ги чита подароците и кој колку пари донел. Како ги отвараше пликовите, кажуваше цифри од 100, 200 па и 500 евра, па кога дојде на ред  нашето плико, сопругот и јас сакавме под маса да се скриеме од срам. Но кога го отвори, невестата рече дека од нејзината кума има 500 евра.

Бев шокирана, јас и сопругот се погледнавме и ништо не ни беше јасно, а сите аплаудираа,  јас незнаев како да се однесувам.После неколку минути, ми пријде невестата и ми рече дека сака дамиги врати парите кои и ги дадов за свадба зошто знае дека не сум во најдобра ситуација, и дека на микрофон кажала дека има 500 евра поради лошите и зли луѓе, кои не очекуваат помалку од кумата. Заплакав од среѓа, зошто имам таква добра другарка.

Кога стигнав дома го отворив пликото и покрај моите 20 евра имаше уште 500евра. Мојата најдобра пријателка (за која би сакала да го кажам и името, но не би било во ред) но кога ќе гопрочита ова, таа ќе се пронајде.

Благодарам и знај дека сум горда што те имам како пријателка- раскажала кумата од Србија

Сподели.


Коментарите се затворени.