Дали родителите ќе имаат рок од неколку дена по раѓањето на детето да ги дадат потребните податоци за матично?

0

Дали родителите мора да имаат смислено име на новороденчето пред жената да замине на породување или за овој податок ќе имаат рок од неколку дена за детето да добие извод од матичната книга на родени. Оваа дилема следува откако вчера министерот за здравство Арбен Таравари најави дека во иднина изводите ќе се вадат во болниците. Денеска на прашањата на Сител од неговиот кабинет во пишан одговор рекоа дека сеуште работат на деталите.

– Во врска со овој нов проект и до крајот на неделата се предвидува официјален настан на кој јавноста ќе биде детално информирана, стои во кусиот одговор од ресорното министерство.

Засега новородененчето се пријавува во рок од 30 дена од денот на кога дошло на свет во матичното подрачје на кое се родило детето. Чија обврска ќе биде ова во иднина не откри ниту Таравари.

– Кога ќе се роди детето, родителите не одат никаде, туку во болница се дава извод на родени, како и препораки за мајките за следните неколку месеци. Значи, да не одат родителите по изводи и други документи, вакцини што треба да ги прими, изјави вчера Арбен Таравари, министер за здравство.

Сподели.


Коментарите се затворени.