петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаСпортАрсовски: Барам оставка од селекторот Кузмановски за очајните резултати на СП во...
spot_img

Арсовски: Барам оставка од селекторот Кузмановски за очајните резултати на СП во Будимпешта

Само неколку денови по реакцијата на Бошко Заборски од карате клубот Макпетрол, вчера со соопштение до јавноста се јави и тренерот на КК Штип, Жарко Арсовски.

Носителот на медал од Светско првенство, кој сега е тренер на најтрофејниот македонски каратист, Емил Павлов исто така е разочаран од резултатите на македонската карате репрезентација на последниот настап на Мундијалот во Будимпешта.Од вкупно 14 натпреварувачи, ниту еден репрезентативец не го мина ниту 2.коло на светскиот собир, што е само уште еден сигнал за падот на македонското карате во последниот период.Арсовски исто како и Заборски, прстот за лошите резултати го вперува во селекторот на сениорите во борби, Александар Кузмановски и побара негова итна оставка.Во продолжение во целост реакцијата на Жарко Арсовски до медиумите.„На подготовките за сениорското Светско првенство во карате, што се одржа воБудимпешта минатата седмица, домашните тренери испратија максимално подготвенирепрезентативци кои требаше да освојат медали, а на првенството ниту еден од нив непокажа ниту 30% од своите можности. Што се случуваше на подготовките нарепрезентативците и зошто толку драстично им падна формата за само две недели? Овасе дел од прашањата што јавно ги постави Жарко Арсовски, прв освојувач на медал одсветско првенство за Македонија од 2010 година, еден од тренерите на најтрофејниоткаратист во Македонија, Емил Павлов и еден од тренерите на карате клубот „Штип“.Арсовски реагира на формата што ја прикажале македонските карате-репрезентативци наСветското првенство во Унгарија во делот на борбите, односно дисциплината (кумите).Тој тврди дека формата им била крајно лоша, но не по нивна вина. Арсовски објаснувадека пред почетокот на подготовките репрезентативците биле во врвна форма, а тоаможе да го потврди бидејќи голем дел од нив се негови ученици што ги тренира, аостанатите се каратисти со кои заеднички се подготвувале за настапи, како и за иднитепредизвици во каратето.„Тврдам со факти дека на подготовките ги испративме репрезентативците максималноспремни, а на СП ниту еден репрезентативец не покажа ниту 30% од своите можности. Ќеземам слобода да дадам мислење за Емил Павлов, затоа што е мој натпреварувач. Емилна Балканското првенство во финалето се сретна со актуелниот вицешампион, НенадДуловиќ од Црна Гора. Тоа беше борба каде Емил беше видно оштетен, а борбата заврши6:5 за Дуловиќ. Емил тогаш покажа карактер на спортист кој сѐ уште е во врвот накаратето, да им парира на светските карате велесили и да биде во борба за нов светскимедал. Втората контрола на формата на Емил беше Серија А, светска лига во Ларнака-Кипар. Одлични 4 победи и 2 минимални порази буквално во последните секунди, апритоа многу поени во сите борби со многу пресврти. Ги гледав сите наширепрезентативци на Балканското првенство и на Серија А и бев пријатно изненаден. Ситекаратисти покажаа желба за победа и голема пожртвуваност, некои освоија медали, асите останати беа многу блиску до освојување“, вели Арсовски.По ова, нашите спортисти заминале на подготовки за Светското првенство со нивниотселектор и не биле под контрола на тренерите нешто повеќе од две недели. Арсовскивели дека тој и уште двајца тренери не биле во делот на официјалните лица и на својтрошок отишле во Будимпешта за да ги бодрат нашите каратисти. Сите очекувале декаголем дел од репрезентативците ќе бидат во борба за медали бидејќи сите биле воодлична форма до почетокот на подготовките.„Кога почнаа борбите се случи токму спротивното, со многу малку освоени поени, многупорази, без желба за победа. Едноставно како сите да чекаа конечно првенството дазаврши. Нема да спомнувам имиња, туку ќе кажам дека ниту еден репрезентативец не беше на ниво на своите можности. Меѓутоа, сигурен сум дека не се тие виновни. Останувапрашањето,што се случуваше на подготовките? Зошто толку драстично им падна форматаза само недели? Дали беа премногу форсирани или недоволно тренирани за тие двенедели кога не беа под наша грижа? Дали беа тактички погрешно советувани? Далиимаше некои кавги и несогласувања во самиот тренинг центар, па тоа негативно влијаешена спортистите? Дали беа недоволно мотивирани?“, прашува Арсовски.Тој истакнува дека не е првпат да се поставуваат овие прашања, туку тие отворено сепоставуваат по секое европско и светско првенство откако карате-репрезентацијата иманов селектор-тренер и негови помошници, од кои дел немаат ниту активен клуб сонатпреварувачи.„Немам друг избор освен да барам оставка од селекторот Александар Кузмановски. Никојне ги оспорува кадетско-јуниорските резултати, но овде зборуваме за сениори, другадимензија на карате, која очигледно е преголем залак за него. Ќе го замолам да му гоотстапи местото на некој што позитивно ќе одговори на оваа задача. Се надевам декамоите зборови ќе допрат до голем дел од македонските љубители на карате спортот изаедно, рамо до рамо, ќе реагираме заеднички со една и единствена цел – враќање накаратето на победничките патеки со нови шампиони и со негување и мотивирање напостојните како лидери на тимовите“, завршува Арсовски.“

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ