Момче (7) со само 5 евра започнало бизнис и тоа од училишниот тоалет – набрзо ќе стане милионер!

0

Момче (15) станало познато бидејќи успеалo да направи сопствена бизнис империја која вреди 55.885 евра годишно, а се започнало од училишниот тоалет кога имал само 7 години.

Нејтон Џон Баптист оди на училиште во северниот дел на Лондон, а секој ден продава пијалоци и соленки во вредност од 250 евра. Има 11 вработени кои работат во три училишта.

Откако почнал само со 5 евра со многу труд сега неделно заработува 1.280 евра, пренесува Деили Мејл.

Тој истакнал дека во рамки на развојната програма научил како да остане на правиот пат, напорно да работи и да заработи.

– Од седмата година одев на погрешен пат. Тогаш еден ден го запознав Карло и решив да станам како него – рекол Нејтон.

Истиот ден почнал да купува и да продава слатки со своите другари од училиште. Така настанала неговата прва работа со “одење и продавање”, а тогаш вработил уште еден другар да му помага.

Со само 10 години веќе имал 11 вработени, кои продаваат слатки за него. Меѓутоа училиштето дознало за неговата работа па барала од него да престне со продажба.

– Бараа од мене да престанам да продавам во училиштето, а поради тоа бев и казнет неколку дена. Затоа почнав да вложувам во други работи, не можам цел живот да продавам слатки – рекол тој.

Еден ден сака да стане брокер, вели дека тоа е единственото место каде може да ги спои парите и имотот 100 проценти.

– План ми е да станам милионер, а тоа се псотигнува само со напорна работа  – рекол тој.

Признал дека сака луксузен начин на живот и дека потрошил многу пари, но дека успеал да заштеди 5.620 евра.

Нејтон рекол дека другарите му покажале голема подршка во работата и дека не се обиделе да го искористат.

– Не ме гледаат на друг начин. Тоа се мои другари и тие не ме осудуваат – рекол тој.

Неговата мајка Шерон (43) работи во транспортна индустрија и рекла за нејзиниот син дека одсекогаш сака да работи и заработува пред да може по закон да биде вработен.

Сподели.


Коментарите се затворени.