четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаТаткото на детето кое беше прегазено на Пластичарска најави жалба: Болката не...
spot_img

Таткото на детето кое беше прегазено на Пластичарска најави жалба: Болката не се опишува, има ли правда во оваа држава?

Таткото на Мануела Сановски, детето кое беше усмртено во сообраќајката на Пластичарска ќе има жалба за пресудата со која Шукри Зеќири, лицето кое ја прегази и избега од местото доби две години и три месеци затвор.

„Очекував пресуда на 10 години. Кога ќе изгубиш дете, се знае како се чувствуваш. Не посакувам на никого ова да му се случува. Ако имаме држава, треба да се суди правилно“, кажа Себастијан Сановски, татко на детето.

Во пресудата, судијката Марија Клетничка наведе дека 21. годишниот Зеќири претходно не бил осудуван за кривично дело, а по двете кривични дела кои му се ставаа на товар, доби единствена затворска казна во која ќе му се пресмета и времето поминато во притвор.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ