сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsВо Штип градежни активности во неколку населби
spot_img

Во Штип градежни активности во неколку населби

– Почна асфалтирањето на улицата „Пиринска“ во централното градско подрачје во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција најави дека во текот на наредните денови уште неколу улици ќе бидат асфалтирани, откако претходно се работеше на промена на водоводната линија, а започнаа и активностите за уредување на тротоарските површини на улиците „Партизанска“ и „Лески“.

-Овде освен улицата „Пиринска“ ќе бидат изасфалтирани и улицата „Карл Маркс“, „Добре Радосављев“, „19 Бригада“ кои во изминатиот период беа третирани со замена на старата структура односно на водоводната линија. Освен овие улици може да забележете дека во неколку населби од нашиот град се врши уредување, асфалтирање, поставување на павер елементи, вели Јорданов.

Тој истакна дека во наредните денови ќе започне промената на подземната инфраструктура на улицата „Охридска“ и на краците од оваа улица, а ќе биде асфалтиран и крак од улицата „Ванчо Прќе“. Штипскиот градоначалник, Јорданов тврди дека до крајот на неговиот мандат сите улици и краци на територија на Штип ќе бидат асфалтирани.

-Можеби ќе бидат субјективен, но во една ваква криза и во една ваква околност во која работиме имајќи во предвид дека бевме присилно натерани да враќаме кредит и каматни стапки од некои минати времиња кон министерството за финасии, имаме целосно кочење од централната власт, ние успеваме да покажеме активност. Јас сум убеден дека во наредните две години до крајот на мојот мандат со оваа динамика ќе бидат реконструиранис ите улици и краци на територија на Штип, рече Јорданов.

Тој на денешната прес-конференција забележа дека продолжуваат со посилна динамика до крајот на годината.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ