сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаСудот во Стразбур одлучи дека Јанакиески неправедно бил притворен, државата ќе му...
spot_img

Судот во Стразбур одлучи дека Јанакиески неправедно бил притворен, државата ќе му плати 6.100 евра отштета

Европскиот суд за човекови права и слободи денеска ја објави пресудата во случајот на Миле Јанакиески против Македонија во врска со притворот за случаите „Организација на 27 април“  од февруари 2019 година и „Шпански скали“ од јуни истата година и во неа стои дека на поранешниот министер за транспорт и врски му биле прекршени правата од членот 5 на Европската конвенција за човекови права.

„Случајот се однесува на два сета на кривични постапки против господинот Јанакиески, првиот за терористичко загрозување на уставниот поредок, и вториот за злоупотреба на службената положба, за време на кои му биле нарушена слободата со одлуки на домашните судови. Потпирајќи се на Членот 5 (право на слобода и безбедност) од Конвенцијата, господинот Јанакиески поднесе жалба за наводни незаконитост и произволност, недостаток на релевантни и доволни причини и недостаток на брзо право на жалба на неговото лишување од слобода’, се вели во соопштението од Судот во Стразбур.

Според пресудата, државата ќе треба да му плати вкупна отштета од 6.100 евра на Јанакиески. Од таа сума, 3.900 евра за нематеријална штета и 2.200 евра за трошоци.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ