четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаСпортЗавршница на новото коло: Денеска двојна одбојкарска програма во Штип
spot_img

Завршница на новото коло: Денеска двојна одбојкарска програма во Штип

За првпат по долги години, Штип има прволигашки одбојкарски екипи и во машка и во женска конкуренција. Денеска токму двата прволигашки состави од градот под Исарот ќе имаат можност да и се престават на пошироката одбојкарска публика низ Македонија со последните дуели од актуелните кола во двете конкуренции.

Поради преносите на националниот сервис, денеска и последните дуели закажани во Штип ќе понудат двојна програма за гледачите кои ќе се решат да ги проследат во живо во спортската сала „Јордан Мијаклов“ во Штип.

Најпрво во терминот од 17:30 часот е закажан дуелот Младост УДГ – Струмица како последен меч од 5. коло кај дамите, додека во вечерниот термин од 20 часот ќе се одигра и дербито на 4. коло кај мажите меѓу Штип УДГ и Лирија.

Прва лига (мажи) – 4. коло

Македонија Џио – Универзитет во Тетово     0:3 (6:25, 17:25, 9:25)   

Шкендија – Струмица                         0:3 (13:25, 8:25, 14:25)

Работнички 71&22 – Сушево              3:2 (26:24, 26:28, 24:26, 25:16, 15:13)

Весна Пробиштип – Јанта волеј        3:0 (25:19, 25:23, 25:17)

ГОК Борец – Вардар                       3:0 (25:11, 25:8, 25:9)

Штип УГД – Лирија   (понеделник, 20.00, МРТ-3)

ТАБЕЛА: 1. Струмица (12); 2. Лирија (9); 3. Универзитет во Тетово (9); 4. Штип УДГ (6); 5. Шкендија (6); 6. Работнички 71&22 (6); 7. Борец (6); 8. Весна Пробиштип (5); 9. Сушево (4); 10. Вардар (3); 11. Јанта Волеј (3); 12. Македонија Џио (0).

Прва лига (жени) – 5. коло

Наковски волеј – Фит Фан волеј                    3:1 (25:23, 20:25, 25:17, 25:20)

Вардар 2019 – Јанта волeј                            0:3 (13:25, 6:25, 17:25)

Работнички Скопје – Вардар ЕМ                    3:0 (25:18, 26:24, 25:21)

Младост УГД – Струмица жени                      (понеделник, 17.30, МРТ-3)

ТАБЕЛА: 1. НАКОВСКИ В. (15)2. Струмица (11); 3. Работнички (10); 4. Јанта Волеј (9); 5. Младост УДГ (5); 6. Фит Фан Волеј (4); 7. Вардар ЕМ (3); 8. Вардар 2019 (0).

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ