Следи заладување-Еве какво ќе биде времето од утре

0

Промена на времето со услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и северозападен ветер се очекува од утре попладне.

Дотогаш ќе се задржи многу топло време, а веќе од попладневните часови ќе почне да дува северозападен ветер, кој на север и долж Повардарието ќе засилува.

Од петок попладне и во сабота ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови.

Во недела во претпладневните часови врнежите ќе престанат, а овој ден ќе биде најсвеж во периодот со температура која на повеќето места нема да надмине 30 степени.

Од понеделник температурите повторно ќе бидат во благо покачување.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb