40 илјади евра ќе инвестира општина Штип за реконструкција на три основни училишта

0

40 илјади евра ќе инвестира општина Штип за реконструкција на штипските основни училишта. Градежните активности ќе се спроведат во наредните два месеца, а ќе се започне со изградба на мрежа за парно греење во новоизградената сала на училиштето „Славејко Арсов“.

  • Општина Штип ќе инвестира во купувањето на парен котел, кој што е неопходен за поврзување на парната инсталација која што е во спортската сала. Притоа ќе биде изграден и објект кој што ќе служи за чување на инсталацијата, изјави Соња Николова, одд. за образ. при о. Штип.

Во училиштето „Димитар Влахов“, пак, ќе се реконструира електричната инсталација.

  • Електричната инсталација во основното училиште „Димитар Влахов“ се наметна како една приоритетна инвестиција за која што ќе бидат наменети дел од овие финансиски средства кои што ќе ги додели општината, изјави Соња Николова, одд. за образ. при о. Штип.

Третото училиште во кое ќе се изведат реконструкциски зафати е „Тошо Арсов“.

  • Целосното менување и реконструкција на училишната столарија во основното училиште „Тошо Арсов“, прозорците таму се во една посериозна состојба која што бара итно инвестирање и заменување, изјави Соња Николова, одд. за образ. при о. Штип.

На овој начин општината ќе реши три клучни проблеми со кои се соочуваа овие училишта за време на зимниот период, а во исто време ќе инвестира во заштеда на енергија и подобрување на условите за учење и работа.

star

Сподели.


Коментарите се затворени.