петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд особено од средината на денот и најпрвин во западните делови од земјата каде што повремен дожд ќе има и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од два до десет степени, а максималната ќе достигне 16.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец и максимална температура до 15 степени. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

Утре и во сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец. Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ