Што прават 10 дена на море за вашето здравје?

0

Доволно е да се почувствува мирисот на морето, солта и да се вдише воздухот. Тоа е убавина. Тоа е здравје!
Летувањето го чувствуваме со сите сетила. Сепак, освен добриот одмор и забавниот помин, постојат и неколку важни здравствени придобивки од вашата 10-дневна изложеност на море.
Морето ги содржи сите важни елементи: Натриум, магнезиум, калциум, калиум. Морската вода длабоко продира во кожата и со тоа ви помага на многу начини. Еве зошто е добро да летувате на море.

more i

Поголема плодност

Сончањето ја засилува плодноста кај двата пола бидејќи го зголемува нивото на витамин Д. Медицинските експерти од Австрија откриле дека витаминот Д го зголемува нивото на женските хормони прогестерон и естроген што го регулира циклусот и ги зголемува шансите да останете бремени.

Повеќе секс

Едно неодамна спроведено истражување во Велика Британија покажало дека учесниците најмногу сексуални односи имале во август. Научниците ги објасниле резултатите со фактот дека сонцето го поттикнува хормонот на среќата серотонин и допаминот и го покачува нивото на тестостеронот – и кај мажите и кај жените.

Заборавете на астма и алергија

Морската сол има својства на антисептик и антихистамин, поради што благотворно делува кај кожните алергиски реакции. Светската педијатриска болница веќе долги години успешни ги користи купките со морска сол, за лекување и ублажување на алергиите. Чистиот морски воздух го олеснува дишењето и поволно делува на оние личности кои патат од астма.

Со сончањето го снабдувате телото со витамин Д

Сончањето не само што ви носи убав тен, туку и ве снабдува со витамин Д кој му е толку потребен на вашиот организам. За да добиете витамин Д не мора да бидете изложени на сонце кога е најмногу жешко. Имено, можете да ги искористите претпладневните или вечерните часови. Обрнете внимание на тоа дека кремовите за сончање ја спречуваат способноста на кожата да го создава витаминот Д.

Одморот покрај море го намалува стресот

Летувањето на море ви дава можност да заборавите на секојдневните проблеми и целосно да се опуштите. Магнезиумот кој го содржи морската вода, докажано е дека делува во борбата против стресот.

Морето е идеално за спортски активности

Пливање, нуркање, сурфање, морски аеробик, одбојка на плажа… Летувањето на море е идеално за спортски активности кои се добри за обликување на телото, но и заборавање на секојдневните проблеми.

Морската вода го поттикнува чистењето на организмот

Бањањето во морска вода ги поттикнува функциите на органите кои ги отстрануваат штетните супстанции од организмот, како што се бубрезите, црниот дроб и кожата. Наталожените штетни материи почнуваат да се креваат кон површината, а солта го олеснува процесот на излачување.

Затоа одберете ја вашата омилена дестинација и заминете на море со We Travel Macedonia!
cover-1year

Сподели.


Коментарите се затворени.