Над 80 артисти годинава на Струмица Опен Фестивал

0

Постојат многу причини да се биде овој август во Струмица. Под мотото „Направено со љубов“ од 3-ти до 13-ти,  градот повторно ќе живее во ритамот на фестивалот „Струмица Опен Фест“. 
Во овие десет дена на 5 сцени во 20 различни настани ќе настапат над 80 уметници.
Следат денови полни со изложби, концерти, театар, филм и поезија.

Џез вечер со неповторливиот Владимир Четкар, концерт на младата Александра Јанева под отворено небо во срцето на струмичкиот парк, изведби на баритонот Васил Гарванлиев кој преку избор на италијанска музика ќе ни ја доближи италијанската култура, како и изложба на мурали на нашите Пијанманов и Костуранов се само дел од настаните во културната програма.

Годинава повторно ќе се оддржи и четвртата Летна школа за гитара на која специјален гостин ќе биде најпопуларниот македонски гитарист Влатко Стефановски. 

Дино Мерлин, Браќата Тавитјан, Цетковиќ, Розга и Томашевиќ се дел од ѕвездите

Спектаклот започнува со загревање една недела пред почетокот на фестивалот. На 27-ми јули во базен Аквариус Слаткаристика, Криско, Гери Никол, Тони Зен, Апсурт и Гоце САФ ја носат ONE LOVE TOUR и преку музика ќе покажат како љубовта вистински знае да обединува!
19665466_1312532665511779_4727929677122204950_n19554315_1312532832178429_4917042609901756104_n19598924_1312532892178423_4056260010562880898_n

19554226_1312532612178451_2084121957920561867_n19601562_1312532655511780_7957511546051207306_n19657030_1312532592178453_4533714708917393026_n
Музичкиот дел на шестото издание на фестивалот започнува на 11-ти август со Браќата Тавитијан и специјалните гости Јелена Томашевиќ, Сергеј Цетковиќ и Жељко Бебек.
Истата вечер ќе настапи и бендот Галија. Вечерта ќе заврши со електронска музика со Александар Галоски и Пата Пата рекордингс.
19601431_1311671558931223_9201163062019859101_n19511453_1311671038931275_6061552561515267542_n19554624_1311671172264595_3723021421323083284_n
Во сабота на 12-ти август ќе настапат Дани Димитровска, рок-составот Ван Гог, една од најпопуларните балкански пејачки Јелена Розга, диџеј Мистик и Астраион проџект. 
19554246_1311672422264470_8779190906145730724_n19511277_1311672462264466_2491255356780591596_n
Во недела на 13-ти август на големата ОПЕН фест сцена ќе ги видиме Нино Величковски, Queen Real Tribute, електронските дуа Disconnected и Cyrillic. 
19554033_1311674242264288_4803070551173412728_n19554883_1311674042264308_6901363434994832914_n19642521_1311673905597655_5878021398990447487_n
Честа за затворање на фестивалот годинава ќе му припадне на најпопуларниот балкански кантавтор Дино Мерлин со прв и ексклузивен концерт пред струмичката публика. 
19598795_1311673918930987_4848889533026120311_n
Затоа со нескриено задоволство сакаме да ве известиме дека ова шесто издание на фестивалот ќе биде посебно. Зошто? Бидејќи сè е „Направено со љубов”! 

Се гледаме во Струмица!

Сподели.


Коментарите се затворени.