Започна изградбата на обиколницата Сењак – Пребег

0

Интензивно се работи на изградба на сообраќајната обиколница од “Сењак” до населбата “Пребег” во Штип која ќе ги поврзува булеварот “Гоце Делчев” и улицата “Борис Крајгер” кај старото нервно одделение. Средствата во висина од 700 илјади евра се обезбедени од општинскиот буџет, а планот е на почетокот на август да биде поставен и мостот на река Брегалница. Моментално се работи на тампонирање на трасата на која ќе биде поставена сообраќајница широка седум метри и тротоар од едната страна.

Оваа обиколница е една од неколкуте таканаречени рингови кои се планирани во генералниот урбанистички план како начин на решавање на сообраќајниот метеж во центарот. Во новиот генерален урбанистички план се планира уште еден ринг кој ќе ги поврзува населбите главно на левата страна на река Отиња.

Обиколницата од “Сењак” до “Пребег” ќе значи многу за индустрискиот подем на Штип, но и за урбанизирање на проеторот кој главно се користеше за одгледување стока. Веќе има интерес за изградба на станбени комплекси, а освен сообраќајницата, општината ќе изгради и неколку паркиралишта во индустриската зона.

19554683_854871001334055_8700338445684450252_n

Сподели.


Коментарите се затворени.