Нова позитивна енергија во Штип

0

Позитивни вибрации во Штип.

Деновиве се најавува нешто што повторно може да се издигне во Штип. Во прилог интегриран текст од објавата.

Hellooooo Angels,

По затворањето на #Ангелс кафе сфативме дека сме постигнале многу и дека локалот навистина беше Ангелско место за нашиот град. Сфативме дека сме направиле нешто поразлично, поубаво и подостапно за поголем дел од младите во #Македонија и пошироко.
Скоро 2 години како Ангелс кафе не работи, а енергијата од тоа место уште се чувствува кога само поминеш од таму. Се враќаат убавите спомени и нема ден а некој да не го спомене како симбол за #љубов, #среќа и #забава#PlaceOfFunLoveAndHappiness <3
Последната иницијатива на фб страната на Stipska Orginalen Idila само ни докажа дека желбата за отварање на Ангелс кафе и после две години не спласнала кај сите нас и сите сакаме добро осмислени, културни и организирани забави. Благодарност до сите што не поддржувате и воедно благодарност до Штипска Идила. После 308 споделувања и 4700 лајкови, го поттикнавте стариот тим на Ангелс кафе да се собере, да испие едно кафе и да донесе одлука:

#ОДЛУЧИВМЕ ДА ГО ОРГАНИЗИРАМЕ СБФ 5
НА 25,26 и 27 АВГУСТ 2017

Но, за да сето ова успееме да го реализираме ќе ни треба многу енергија, труд и голема воља од сите инволвирани во оваа замисла.
Бидејќи времето е кратко, а пропуштени се условите за да конкурираме за Штипско Културно Лето за работа до 3 часот по полноќ во тие 3 дена, решивме овој допис да го доставиме до локалните власти и СВР Штип со Барање да одобрат продолжено работно време. Со оглед дека се работи за интерес на младите од целата Држава а институциите работат во интерес на граѓаните, сметаме дека нема да им претставува проблем да најдат начин и да го одобрат барањето. Кон него ќе го доставиме прилог постот на Штипска Идила и Вашите лајкови од овој текст. Па нека решаваат малку за нашите желби и за нашите среќни моменти :)
Ако добиеме дозвола за продолжено работно време веднаш ќе ве информираме а потоа тимот на Ангелс кафе го очекува многу работа да може за кратко време да резервира ДЈ-и, да осмисли тематски журки, да почне со оспособување на локалот, да направи организација за секој детал како би можело се да е беспрекорно и безбедно.

12039057_1066492736696203_4249770750750584841_o
Нема да биде лесно, но ако би било лесно секој ќе може да го направи и нема да е интересно :)
По завршувањето на #SBF5, локалот ќе се затвори 2-3 месеци за да комплетно се реновира и отпочне со нов изглед и нов почеток. Се враќаме на плановите од 2015 година :)
Да се потсетиме накратко дека на #SBF4 присуствуваа над 8000 луѓе за три дена. Со нашиот домаќински, гостопримлив однос по кој се познати #Штипјани, не дозволивме ни еден инцидент, се течеше во најдобар ред и сите од СБФ 4 имаме #прекрасни #спомени. А градот беше посетен од многу гости од другите #градови и од странство.
Ќе се потрудиме да направиме уште еден настан за паметење, а нашиот град да си го врати епитетот на урбан град, како што беше не толку одамна. Да #допринесеме #Штип да се памети и зборува по убави нешта, бидејќи Штип тоа го заслужува.
#Почнуваме сега, шерувајте, лајкувајте… Овој пост ќе биде доставен со Барањето за продолжено работно време.
За сите понатамошни активности и одговори ќе бидете благовремено информирани.
Оптимисти сме дека наскоро ќе се видиме сите заедно на нашето омилено Ангелско место.

#Споделете преку фотографија или коментар ваши спомени од претходните изданија на #SBF #AngelsCafe #AngelsLand

Сподели.


Коментарите се затворени.