На „Македонски бисер“ ќе учествуваат 100-тина борачи во Штип

0

Од 9 до 11 јуни се одржува 41. Меѓународниот турнир во борење „Македонски бисер“ во Штип. Досега усчетсвото го пријавија 13 држави и се очекува учество на 100-тина борачи, а од нашата земја ќе настапат 17 борачи.

По повод турнирот излезе и плакатот.

Штип, по третпат ќе биде домаќин на „Македонскиоот бисер“- 1993, 2010 и сега од 9-11 јуни. Борењето е најтрофеен спорт во Македонија и во Штип, иако во последно време изостануваат успеси. Борачите во Штип пристигнуваат во петок (9 јуни), кога ќе се одржи и мерењето. Во сабота (10 јуни) ќе се одржат сите натпревари, а ќе има и свечено отворање од 18 часот.

„Во Штип се најавени борачи од десетина држави, над 100. Исто така и судии, бидејќи ќе има полагање за втора и трета категорија..Борачите на располагање ќе имаат најсовремени услови, ќе се борат на два душека, ќе има компјутери, камери, ќе има и директен ТВ пренос на каналот на МОК, но и на други ТВ. Досега се најавија репрезентациите на Унгарија, Романија, Англија, Бугарија, Белорусија, Косово, Албанија, Србија, Грција, Русија, Молдавија и Македонија. Го поканивме и премиерот Заев да ја отвори оваа голема манифестација“, истакна Дејан Богданов.
Во македонската репрезентација ќе се најдат најдобрите борачи. Меѓу нив и натурализираните Македонци Нуров и Егоров- тврди Дејан Богданов. Од домашните борачи ќе настапат Бобан Савев, Михаил Николов и Александар Донев.
Средбите во сабота почнуваат во 10 часот, ќе се одвиваат се до завршувањето на елиминациите. Потоа, ќе следува пауза, до 18 часот, кога ќе биде свеченото отворање во спортската сала Јордан Мијалков, по што ќе продолжат натпреварите за петто, третто место и финалните борби.

Сподели.


Коментарите се затворени.