Кипар | Eден волшебен медитерански остров

0

Oстров кој се карактеризира со планински релјеф, ниски брегови, богат со флора и фауна и изразена медитеранска клима со долги и топли лета.
Има повеќе теории за потеклото на името на Кипар. Една од нив е дека Кипар го добил името по грчкиот збор за чемпрес (лат: Cupressus sempervirens). Друга тврди дека името потекнува од латинската фраза aes Cyprium (метал кој потекнува од Кипар) односно се мисли на бакар. Имено, во античко време Кипар бил познат по големиот број на наоѓалишта на бакар кои се наоѓале на негова територија.
Она што Кипар го прави привлечен и мистичен е неговата десет илјади стара историја. На островот се испреплетуваат митовите и легендите кои се раскажуваат, археолошките наоѓалишта и античките градби кои се вистинска атракција за европските и американските туристи. Најпозната легенда е онаа дека Кипар бил родно место на убавата божица на љубовта, Афродита, која настанала од морската пена.
Кипар е земjа со развиена економоја, трговија, туризам, сообраќај и индустрија. Омилено место на туристите е главниот град Никозија. Северниот дел од градот изобилува со локали за сечиј вкус, тука има богатство од ресторани и кафулиња, додека пак јужниот дел од градот е доста софистициран и интересен за посета, во него се спојуваат минатото и сегашноста поради долгите булевари и шармантниот микс на модернистички и антички градби.

На Северен Кипар, не пропуштајте ги Киренеја и Фамагуста, кои не се светски познати, но се доволно интересни за секој турист кој сака да истражува. На Киринеја вредни за посета се античката тврдина со музеј и замокот на Свети Хиларион.
12Популарни места пак, на Јужен Кипар се Ларнака, еден од најстарите градови на островот, и Лимасол, втор според големината град на овој остров. Кипар ги задоволува вкусовите на сите туристи, нудејќи плажи од диви до екстра модерни и луксузни, историски и туристички знаменитости за оние кои сакаат да истражуваат, планински предели за вљубениците во природата и добра забава за ноќните птици.
Кипарската кујна пак, е доста интересна, бидејќи е комбинација од грчата и турската, и пред се е базирана на месо и салати. Не пропуштајте да го пробате локално сирење кои се вика халоуми. Храната најчесто се подготвува на скара, а во многу локали се нуди популарното „мезе“, традиционален оброк составен од 20 различни видови на јадења.
Image result for cyprus traditional foodПатувајте со We Travel Macedonia
cover 1year
Image result for cyprus tourist attractions
Image result for cyprus tourist attractions

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb