Најубавиот остров на Филипините |Палaван

0

Филипините  се топ туристичка дестинација во светот и имаат толку многу да понудат. Ова место е едноставно рај на земјата со своите острови и неизмерното богатство од природни убавини, а како едно од најпрекрасните локација може да се издвои островот Палаван.
(1) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекцијаПалаван е скриено парче од рајот, поради што се наоѓа на врвот од листите на најубави острови во светот.Островот е познат по прекрасниот спектар на бои кои меѓусебно се испреплетуваат – сината боја со неверојатните зелени нијанси, планините со џунглите и ретката шума кои се издигаат над океанот, како и неверојатните пејзажи на малите рибарски села расфрлани по островот.
(3) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекцијаОвој остров е стар околу 50 илјади години, а до него може да се стигне со брод и со авион. Тој не е ни многу оддалечен од главниот град на Филипините, Манила. Најубаво време за посета на овој остров е во периодот од октомври до мај. Доколку одлучите да го посетите, воопшто нема да ви биде здодевно, затоа што ќе можете да нуркате и да се искачувате на прекрасните планини.
(5) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекцијаНа островот можете да видите виолетови ракови, филипински елени, филипински панголин, како и прекрасните пеперутки кои внесуваат дополнителна магија во пејзажите.
(6) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекцијаПалаван изобилува со богата флора и фауна, кои можат да се најдат и на другите острови во близина, но во помал степен. Доколку не сте подготвени за нуркање и искачување, можете со чамец да патувате меѓу прекрасните острови или да ја посетите подземната река, една од најуникатните во светот.
(7) Палаван: Најубавиот остров на светот е чиста перфекција
Подржано од We Travel Macedonia
cover 1year

Сподели.


Коментарите се затворени.