Узбекистан| земја на памук, пирамиди и кујна

0

Веројатно не знаете многу работи за оваа земја, па поради тоа, со цел малку да ве запознаеме со неа, ви предлагаме да го разгледате нашиот прилог.
Денешната територија на Узбекистан некогаш била дел од Персиската империја која во 4 век пред нашата ера ја освоил Александар Велики. Нема само Египет пирамиди. Имено, во 2002 година археолозите тука пронашле серија пирамиди, чија старост е проценета на 2700 години.
10
Ако нешто не недостасува во Узбекистан, тоа е памукот. Земјата е петта во светот по производство на памук, а по извоз е втора. Во оваа земја љубителите на храна ќе бидат воодушевени. Со оглед на тоа што низ историјата во земјата владееле многу различни култури, денес узбекистанската кујна има корени во иранската, арапската, индиската, руската и кинеската кујна.
8Традиционалниот узбекистански леб е познат под името „оби нон“. Тој е тркалезен, а важно е да се знае дека никогаш не се сече со нож, туку исклучиво се кине со раце. Ракувањето како форма на поздрав е прифатливо единствено меѓу мажите. Кога ќе сретнете жена, редот е да ја ставите десната рака на срцето и нежно да се поклоните.
9Најпопуларните спортови во земјата се фудбал и тенис. Што се однесува до успехот, тие се исклучително добри во бокс и во благородната вештина имаат вкупно 14 олимписки медали. Узбекистан е двојно заклучена земја. Тоа значи дека не само што Узбекистан нема излез на море, туку тоа го нема ниту една нивна соседна земја. Доколку планирате патување во оваа земја, никако не смеете да помислите да го прекршите законот, бидејќи полицијата го спроведува прилично строго. Забрането е коцкање, поседување на било какви дроги и конзумирање на тутун и алкохол доколку сте помлади од 20 години. Исто така, хомосексуалноста е нелегална.
6Подземната железничка во главниот град Ташкент, исто како и онаа во Москва, има луксузно уредени станици, па така, некои од нив се вистински музеи под земја.
7Подржано од We Travel Macedonia
cover 1year

Сподели.


Коментарите се затворени.