Како да патувате во Грција во 10 чекори

0

Патувајте во Грција со We Travel Macedonia
1. Земете одмор од работа или напуштете
Првото нешто што треба да направите за да патувате во Грција е да  земете одмор од вашата работа веднаш. Кажете му на вашиот шеф дека треба итна посета на Грција и дека треба да заминете што е можно поскоро. Повеќето шефови целосно ќе ве разберат, но во случај тој да одбива, тогаш само откажете се од вашата работа.
2. Сами или со друштво
Следниот чекор е да одлучите дали ќе патувате сами или  со друштво. Сами или со друштво дефинитивно ќе уживате во Грција и ќе се забавувате. 
3. Планирајте го вашето патување
Мора да го планирате своето патување во Грција многу внимателно. Има толку многу работи кои треба да ги видите и еден месец никогаш не е доволно. Запомнете дека вашата цел е да се опуштите и да уживате во оваа прекрасна земја. 
4.Резервирате го вашиот лет
Во ред можете да прескокнете неколку чекори, но ако го прескокнете овој, нема да отидете во Грција. Така погрижете се да си резервирате лет во Грција.
5. Резервирајте хотел
Следниот чекор на листата е да се резервира хотел. Ќе мора да остане некаде нели? Доколку престојувате повеќе од еден месец, се предлага да си изнајмите стан. Имајте на ум дека треба да најдете место во централна Грција. Но, ако ги следите нашите совети на бројот 8 и да си најдете еден грчки љубовник/чка можеби можете да го прескокнете овој чекор.
6. Учете го грчкиот јазик
Започнете веднаш да го учите грчкиот јазик. Грчкиот е многу убав јазик и сите треба да зборуваат грчки. Научате ги основите работи, односно неколку зборови. Како ќе  најдете грчки љубовник/чка, ако не ги знаете основите работи. Ах, заборавив за јазикот на телото!
7. Одберете ја вистинската облека
Вие не можете да се појавите во Грција со било каква облека. Тоа е забрането! Мора да ја добите вистинската облека сега. Грците се многу стилски. Ако не можете да бидете стилски облечени барем одберете облека која открива колку ја сакате Грција. Вие ја сакате Грција, нели?
8. Спакувате го вашиот куфер
Добро, ја имате избраната облека! Но, има ли повеќе простор во вашиот куфер? Спакувајте го вашиот куфер внимателно и понесете со вас само она што ви е потребно (пари и љубов за Грција).

9.Одете на аеродром
Ова е уште еден чекор што не можете да го прескокнете, освен ако не сакате да одете во Грција. Осигурајте се на време да стигнете на аеродром и бидете сигурни дека да се го избрале вистинскиот лет. Вие не сакате да завршите во Италија облечени во маица велејќи: “Ја сакам Грција”.
10.Добредојдовте во Грција
Вие успеавте, конечно! Вие само слетавте на најубавата земја во светот. Заборавете на вашата работа, вашиот сопруг / сопруга, вашите деца, вашите проблеми. Заборавете на се и забавувајте се затоа што навистина го заслужувате тоа. Добредојдовте во Грција!
Патувајте со We Travel Macedonia во Грција
cover 1year

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb