петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтипските пензионери најавуваат протест на 11 октомври
spot_img

Штипските пензионери најавуваат протест на 11 октомври

Пенизионерите од Штип не се откажуваат од барањата за линеарно покачување на пензиите, но тие  сега бараат линерално покачување на пензиите за 5.000 денари. Соња Арсовска член на Иницијативниот одбор за протести на пензионерите вели дека тешката социјална положба во која се наоѓаат, првпат во историјата на државата ги изнесе на улица за да си ги бараат своите права.

  • Ќе продолжиме со протестите и ќе бараме и понатаму линеарно покачување на пензиите ама сега не за 3.500 денари, туку за 5000 денари, а зошто? Затоа што инфлацијата си го зема данокот, цените од 5 и 8 денари не ја менуваат нашата социјална положба, вели Арсовска.

Тие упатија и прашање до ресорната министерка, Јована Тренчеовска како може да се наруши стабилноста на фондот за пензинско и инвалидско осигурување ако има линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари, а не се наруши стабилноста на Буџетот кога се покачија  на платите на функционерите од 78 проценти.

  • Немаме достоинствени пензии кои ќе ни бидат доволни за достоинствен живот, сакаме да си го земе секој она што му припаѓа. Ако направиме споредба 5.3 проценти со вашите 78 проценти, за ленарно ќе се наруши стабилноста на фондот, а со вашето покачување од 78 проценти не се нарушува стабилноста на Буџетот, порачаа пензионерите, кои денеска се собраа пред Здружението на пензионери во Штип.

    Штипските пензионери ја поканија  министерката Тренчевска на пениознерска сарма со листови и ориз оти, како што велат, со 700 денари нема пари за месо.
    Штипските пенизонери најавија протест на 11 октомври со почеток во 10 часот, а потоа ќе следува и голем масовен протест во Скопје пред Влада.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ