среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsБојан Маричиќ доаѓа во Штип: Ќе ги убедува граѓаните дека „Ние сме...
spot_img

Бојан Маричиќ доаѓа во Штип: Ќе ги убедува граѓаните дека „Ние сме Европа“, ама само ако ги прифатиме Бугарите во Уставот

Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, која ја  предводи вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, вечер во Штип ќе се одржи отворена трибина „Градиме македонски, градиме европски“.

На трибина ќе се обратат вицепремиерот Бојан Маричиќ,  министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер и проректорот за меѓународна соработка при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, Ана Никодиновска Крстевска.

Под мотото „Ние сме Европа“, Владата и Секретаријатот за европски прашања, од 30 август до крајот на септември ќе спроведат кампања во осум градови во земјата посветена на приближување на целта за влез во ЕУ до граѓаните.

Во рамки на кампањата се организираат трибини и средби со граѓани на неколку теми: земјоделство, енергетика, туризам, економија, млади и инфраструктура. Активностите во секој од градовите вклучуваат и посета на локалитет од значење за конкретниот град. 

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ