Од 65 годишна штипјанка украдени евра, денари и златник

0

Крадец вчера попладне во Штип украл чанта со евра, денари и златник од 65-годишна штипјанка.

Вчера околу 16:10 часот во Штип, додека штипјанката Г.Ш. (65) се движела пеш по ул.„Вардарска“, била пресретната од непознато лице. Тој ја повлекол за чантата која ја носела на десното рамо, при што влечејќи ја турнал на земја, а потоа и ја одзел чантата во која имала 400 евра, 600 денари  и златник, по што побегнал во непознат правец. Од Итна медицинска помош,  Г.Ш. била пренесена во Клиничка болница Штип, каде што и била констатирана тешка телесна повреда. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

канал+

Сподели.


Коментарите се затворени.