Наскоро, коритото на Отиња ќе се уредува и во Ново Село

0

Наскоро, ќе започне и уредувањето на коритото на Отиња и на последниот дел , односно делот во Ново Село. Ова денес го најавија од ЈП „Исар“ , претпријатето кои заедно со Општината, во изминатите три години работи на средувањето на речното корито:

  • Откако ќе завршиме со дел од приоритетните обврски за „Исар“ ќе продолжиме со уредување на последниот дел од коритото на Отиња од Ново Село до вливот во р. Брегалница, кажа Ангел Бојаџиев, дир. на ЈП „Исар“ – Штип.

Со уредување на речното корито се започна пред три години, откако пропадна проектот за изградба на платформи за паркирање на Отиња, а најголем дел од речното корито остана уништено:

  • Пред три години ова беше едно од најлошите речни корита, место каде се напасуваше добиток и беше срам за градот, истакна Бојаџиев.

Три години подоцна, штипајни имаат комплетно уредено речно корито што целосно го смени изгледот на градот:

  • Одлично е, средено, со цвеќиња, дрвја, клупи, вистински украс. Ова е за секоја пофалба и почит, велат анкетирани штипјани.

За платформите на Отиња, Општината првично планираше задолжување од два милиони евра кај Светска банка.

Сега, коритото е средено со минимани средства, а најголем дел од работите се завршени со донации и доброволна работа на администрацијата.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.