петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsШтипските акцијаши викендов ќе одржат акција „45 години Плачковица“
spot_img

Штипските акцијаши викендов ќе одржат акција „45 години Плачковица“

– Викендов ќе се одржи акцијата „45 години Плачковица“ во организација на Здружение на акцијаши-Штип. Свеченоста започнува во сабота во 10 часот во Карбинци, од каде присутните ќе се упатат кон локалитетот „Баргала“, а ќе се посети и спомен собата на Киро Глигоров. Кирил Цацков кој бил командант на акцијата пред 45 години најачи дека закажана е и изложба на фотографии во Дом на млади- Штип.

-На 16 септември, во сабота ќе се организира свеченост по повод 45 години од акцијата „Плачковица 76 / 78“. Иницијатива за овој проект произлезе од младинската организација, а идејата беше прифатена од Собранието, вели Цацков.

На денешната прес-конференција Тодорка Атанасовска која е член на здружението на акцијаши истакна дека преку настани на отворено, акции во државата и странство, но и вклучување на младите се работи на основнта цел на здружението, а тоа е да им се помага на луѓето без протоа да се оствари било каква финансиска или материјална корист.

-Основната цел на ова здружение кое работи под мотото „Позитивното да не се заборави“ е негување на традицијата на акцијаштвотото од минатото, а воедно да се работи на промоција на идејата за волонтеризам. Она што човек може да му го пружи на човека е да се работи да се помага бев финансиска или материјална придобивка, вели Атанасовска.

Радува фактот што расте бројот на млади волонтери кои се приклучуваат и се дел од здружението на акцијаши. Членовите на здружението на акцијаши – Штип се дел од средби и настани кои се одржуваат постојано во текот на годината, се оставруваат меѓуопштински сорбаотки, но и манифестации со меѓународен карактер.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ