четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsГолем интерес за места во студентскиот дом во Штип
spot_img

Голем интерес за места во студентскиот дом во Штип

Двојно поголем интерес за сместување во студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип од расположливиот капацитет. Во моментот се одобрува претстојот на студентите од повисоките студентски години, но има и приговори, зашто апликантите барале сместување во државен, а на листите на Министерството за образование и наука биле примени во приватните студентски домови.

– Ние имаме во „Браќа Миладиновци“ запишано 46 студенти, тоа се од втора студиска година, додека од бруцошите, за коишто огласот е во тек од 1 септември и трае до 15 септември, очекуваме уште 46 места. Дополнително, треба да кажеме дека имаме најавено околу четириесетина приговори, којшто се однесуваат на студенти коишто аплицирале во овој Студентски дом, меѓутоа на листите за примање се најдени во други студентски домови во општина Штип. Очекуваме Комисијата да се изјасни каде ќе бидат сместени овие студенти, изјави Јордан Насев, директор на студентски дом „Браќа Миладиновци“ – Штип.

На листата на чекање се и средношколците. За да се сместат дел од нив ќе мора да се почека до целосното сместување на студентите. Сепак, повеќе апликации ќе мора да бидат одбиени од причина што нив ги има повеќе од 300, а расположливиот капацитет на Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“ е 236 места.

– Во моментов имаме згрижено 135 средношколци, во оваа квота влегуваат и учениците од Спортската гимназија, коишто влегуваат со приоритет. Имаме дополнително околу 80 деца коишто се наоѓаат на листа на чекање. Во зависност од тоа колку студенти ќе вселиме, останатите ќе ги дополниме со ученици од средните училишта, додаде Насев.

Сместувањето е во тек, собите се подготвени и реновирани, а извршени се и дезинсекција и дезинфекција.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ