петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинБратската љубов е единствена: Момче му пее посебна песна на својот помлад...
spot_img

Братската љубов е единствена: Момче му пее посебна песна на својот помлад брат со Даунов синдром (ВИДЕО)

Момче му отпеа посебна песна на својот помлад брат со Даунов синдром и така ги освои срцата на милиони луѓе. Неговата љубов кон него е единствена.

Кога Никол Пауел и Џеј Џеј Гривс се подготвувале на свет да дојде нивното петто дете, лекарите не биле сигурно дали бебето некогаш ќе може да води „нормален“ живот.

Тестовите покажале дека малиот Трип има Даунов синдром и други здравствени проблеми. Но, неговите родители и понатаму неизмерно го сакаат. Што се родил, тој во нивното семејство донел голема радост и љубов.

Од тогаш тоа семејство станало амбасадор за личностите кои живеат со Даунов синдром. Тие се надеваат дека ќе ги отстранат стигмите што го придружуваат Дауновиот синдром и сакаат да покажат колку се прекрасни луѓето со Даунов синдром. Затоа Никол ја отворила Фејсбук групата „Team Tripp“, каде споделува фотографии, видеа и размислувања за воспитувањето на дете со Даунов синдром.

Таа вели: „Тој е ист како и сите ние. Само му треба повеќе време да научи нешто, му треба малку повеќе внимание и малку повеќе љубов. Но, нели тоа се истите работи кои му се потребни на целиот овој свет?“

Една личност отсекогаш била поддршка на Трип, дури и пред да се роди, а тоа е најстарото дете во семејството, синот Рејс. Никол вели дека Рејс не реагирал лошо кога му кажале дека неговиот брат ќе има Даунов синдром. Кога му објасниле дека Трип ќе биде поинаков, Рејс ги прашал: „Зарем не сме сите различни?“

Откако е роден Трип, Рејс не се разделува од него. Рејс отсекогаш ја сакал песната „10.000 Hours“ која ја пеат Ден, Шеј и Џастин Бибер и одлучил тоа да биде песна на Трип.

Никол споделила видео во кое Рејс му ја пее таа песна на својот мал брат. Тој ја пее на таков начин што љубов лета од скеој негов збор.

„Така се зближуваат. Рејс постојано му пее. Се колне дека таа песна е за него и неговиот брат. По една година, тие се сакаат уште повеќе“ – напиша Никол поркај видеото, кое стана навистина популарно.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ