Завршени 80 % од градежните работи на новата Клиничка болница во Штип

0

80 % од градежните работи на овата Клиничка болница во Штип се завршени. Ова денес, го кажа директорот Александар Стојановски, на прославата на Светскиот ден на здравството:

  • Речиси 80% од градежните работи се во крајна фаза. Со изградбата на новата болница ќе се добијат подобри услови за работа, како за персоналот така и директен бенефит за сите нас во регионот, истакна д-р Александар Стојановски, дир. на Клиничка болница – Штип.

Дополнително, од болницата се пофалија и со нови вработувања:

  • Минатата година се вработени вкупно 32 лица, по основ на трансформација се вработени 15, по основ на спогодба 2 лица и со кофинансирање вработивме 15 доктори специјализанти, изјава Елизабета Папарова, дир. на Клиничка болница – Штип.

Годинашново одбележување, се поклопи со голем јубилеј на пет болнички одделенија : кожното кое слави 40 години постоење, додека полоивина век работа одбележаа неврологија, психијатрија, физикална и очно:

  • Од една обична амбуланта со најобични инструменти, прераснавме во одделение кое има најсофистицирана опрема во болницата, кажа д-р Страхил Газепов, началник на Очно одделение.

Награди добија и оние кои во болницата работата 20, 30 и 40 години:

  • Имам 43 години работен стаж, почнав да работам во родилна сала, детска соба, ги минав сите одделенија, инструментарка бев многу години, а потоа и одговорна сестра, рече Лазарина Костадиновска, награден здравствен работник.

По повод денот на здравството, во маркетот Елкос беа организирани бесплатни прегледи за купувачите:

  • Контролираме ниво на шеќер во крвта и мериме крвен притисок, истакна Мартин Лазаревски, специјализант по анестезија и реанимација.
  • Ова е добра работа, би требало да има почесто и на повеќе локации, велат прегледани граѓани.

Инаку, годинeшново одбележување на Светскиот ден на здравството беше посветен на депресијата.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.