Блесна нов, модерен и урбан, моден салон

0

Дизајнерот Методија Коцев , својот моден бренд  Atelier by Metodija  го позиционира во центарот на градот  со нова локација , пријатен декор,светла атмосфера и естетика.
DSC_6393 DSC_6399 DSC_6405 DSC_6412 DSC_6427

На вчерашното отварање на салонот беа поканети  соработници ,блиски пријатели , клиенти, да се запознаат со новата локација,  заеднички да одбележат еден нов почеток за успешна и блескава кариера на дизајнерот,  уживајќи во коктелот  и пријатните разговори .

Просторот располага со изложбено – продажен дел и дел за изработка на венчаници и свечени фустани по сопствени мерки на клиентите. Секоја замисла и желба ќе биде остварена со консултација и помош околу дизајнот и изборот на материјали,  до готов производ.

DSC_6429 DSC_6447 DSC_6452 DSC_6454 DSC_6464 DSC_6465 DSC_6473 DSC_6480 DSC_6481  DSC_6510

“  Го направивме овој амбиент за нашите клиенти, за секоја дама и за секое тело.. Нема поубаво чувство од задоволство на истите,  преточено во изработен фустан од внимателно одбрани префинети  материјали, тантели, кроеви, дизајн… Сметам дека ова е простор во кој секоја дама,  кога ке стапне, ќе ужива додека  Atelier  го реализира  нејзиниот сон.  “ – вели Методија.

Креативноста е мост помеѓу желбите и остварувањата – Методија.

Сподели.


Коментарите се затворени.