Ако нешто е судено, ќе се случи во вистинското време со вистинската личност! Заљубете се кога ќе бидете спремни, не кога сте осамени!

0
  1. Престанете да го трошите времето на погрешни луѓе- животот е прекраток за да го поминете со луѓе кои од вас ја земаат среќата. Ако некој ве сака во својот живот, нека ви направи место. Никогаш немојте да се трудите околу оние кои константно ја потценуваат вашата вредност. Не заборавајте дека вистинските пријатели се покрај вас кога се чувствувате најлошо, а не кога сте во најдборо издание.
  2. Не бегајте од проблемите- соочете се со нив. Знаеме дека не е лесно. Не сме направени така за да постојано ги решаваме проблемите. Создадени сме да се нервираме, растажиме, да бидеме повредени, да паѓаме. Сепак, соочувањето со проблемите, прилагодувањето и решавањето се учат и тие процеси не формираат во личности какви сме.
  3. Не се лажете себе си- било кој на светот можете да излажете, но не и себе. Нашите животи се менуваат на подобро ако ризикуваме, а првиот и најтежок ризик е да бидеме искрени спрема себе.
  4.  Не се ставајте себе си секогаш во втор план- во љубовниот однос најбезболно е кога личноста се изгуби себе затоа што премногу сака некој друг и така заборава дека и таа е посебна. Да, помагајте на другите, но и себе. Ако се најдете во ситуација во која би требало да ги следите своите страсти и желби и да направите нешто што ви е важно, не се двоумете.
  5. Никогаш немојте да се обидувате да бидете нешто што не сте- еден од најголемите предизвици во животот е да бидеме свои во светот во кој од нас постојано очекуваат да бидеме како сите други. Некој секогаш ќе биде поубав од вас, некој попаметен, а некој помлад, но никогаш никој нема да биде како вас. Не се менувајте само за да ве засакаат другите луѓе. Бидете вие и вистинските луѓе ќе ве засакаат вистински вас.
  6. Не живејте во минатото- не можете да започнете ново поглавје ако постојано го читате претходното.
  7. Не плашете се да направите грешка- да работите и да грешите барем десет пати е попродуктивно отколку да не работите ништо. Секој успех ја остава трагата на неуспехот зад себе.
  8. Не се обвинувајте поради старите грешки- можно е да ја сакаме погрешната личност и да плачеме поради лошите работи од минатото, но сигурно е дека грешките ќе ни помогнат да ги пронајдеме луѓето и работите кои се добри за нас. Било што и да ни се случило во животот не припремало за моментот кој допрва треба да дојде.
  9. Не се обидувајте да ја купите среќата- многу работи кои ги сакаме се скапи. А сето она што вистински не задоволува е бесплатно. Љубов, смеа и работа кои не исполнуваат со задоволство.
  10. Не ја барајте среќата постојано во другите- никој не е потполно подготвен кога му се укажува шанса. Повеќето сјајни прилики не натеруваат да излеземе од удобните и сигурни зони, па логично е во почетокот да не ни биде пријатно.
  11. Повеќе не влегувајте во врски од погрешни причини- подобро е да бидеш сам отколку во лошо друштво. Не брзајте. Ако нешто е судено, ќе се случи во вистинското време со вистинската личност и со најдобрата можна причина. Заљубете се кога ќе бидете спремни, не кога сте осамени.
  12. Престанете да ги одбивате новите потенцијални врски само затоа што старите не успеале- во животот секогаш постои причина зошто некого сте запознале. Некои ќе ве тестираат, некои ќе ве искористат, но има и такви кои ќе ве научат на нешто. Сепак, најважното е што постојат луѓе кои од вас ќе го извлечат најдоброто.
  13. Престанете да се натпреварувате со сите- не се грижете за тоа што другите работат подобро од вас. Успехот е борба со самиот себе.
  14. Престанете толку многу да се грижите- тоа што се грижите не значи дека утрешниот ден ќе биде полесен. Начинот да сфатите дали поради нешто треба толку многу да се грижите е да си поставите себе прашање: „Дали ова ќе биде важно за година дена? За три години? Пет?“ Ако одговорот е „не“, тогаш не е вредно за грижа.
Сподели.


Коментарите се затворени.