четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаИ ЛЕТО И ЕСЕН И ВРНЕЖИ И НЕВРЕМЕ, ПА И СНЕГ НИ...
spot_img

И ЛЕТО И ЕСЕН И ВРНЕЖИ И НЕВРЕМЕ, ПА И СНЕГ НИ НОСИ АВГУСТ ВЕДНАШ: Температурите од летни ќе преминат во есенски

Уште во текот на првата седмица од август месец, се поголеми се условите на Балканот да пристигне голем пад на температурите, и продор на значително постуден воздух од север, кој ќе го донесе и снегот во Алпскиот регион, а можен е и на највисоките планински врвови во Словенија.

Во најновата прогноза, Славчо Попоски најавува дека првата седмица од август ни носи и се поголеми услови за временски непогоди во регионот, но не и во Македонија. 

-Дали ние повторно ќе се спасиме од големи дождови и невреме, останува да видиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Едно е сигурно, падот на температурите доаѓа, и најмногу тоа ќе го почувствуваат земјите од регионот, кој од летни, ќе се префрлат на есенски температури.

Ние во Македонија, освен многу помалку дожд, ќе имаме и малку помал пад на температурите за разлика од регионот, но падот на истите значително ќе се почувствува и кај нас уште во првата седмица од август. Особено значително пониски ќе бидат минималните утрински температури, а далеку попријатни ќе бидат и максималните дневни температури на воздухот.

Август месец ни носи и лето, и есен, врнежи и временски непогоди, па дури и снег. Ако изминатите години снегот во Алпскиот регион се појавуваше во есенските месеци, оваа година тој веќе се појави овој месец, а нови поинтензивни врнежи од снег на алпите се очекува и во август. Детална анализа околу ова заладување, и кави температури ќе имаме ние во првата седмица од август, но и точно какво време не очекува, ќе дознаете деновиве, кога многу работи ќе бидат појасни, вели Попоски.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ