петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЛокализирани пожарите во Штип
spot_img

Локализирани пожарите во Штип

Штипските пожарникари го гаснат пожарот кај Мирјанина црква во близина на Штип. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека на ова место се зафатени околу 70 хектари сува трева и борова шума. Во моментов помош на пожарникарите се врнежите од дожд. Не се загрозени објекти или куќи. Во Штип попладнево активни беа три пожари.

-Пожарот во близина на фабриката Мебел е ставен под контрола и таму имаме оставено едно возило со пожарникари, со цел да контролираат, додека пожарот во Караорман е целосно изгаснат, вели Коцев.

Посочи дека од попладнево на терен се 14 пожарникари со четири противпожарни возила, кои гаснеа пожари на три локации во штипскиот регион.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ