Зошто ти е голема плата ако на крајот од денот влезеш во празен стан?

0

Колумнистката и писателка Марина Радош, која пишувала за неколку портали во регионот. Taa објави статус на „Фејсбук“ на тема на љубовта и останатите битни работи во животот. Со овој статус таа успеа да допре до целиот регион.

„Што ако ве излажале дека од љубовта не се живее? Мене мајка ми еднаш ми кажа дека од љубовта се живее, а од парите се преживува. Јас ѝ верувам неа. Затоа што никаде не сум видела толку љубов како во становите од 30 квадрати и болничките постели.

Што ако ве излажале дека престанува со времето, дека ќе ѝ се смеете еден ден и ќе ја заборавите? Ниту една наша млада рака не држи цврсто друга како што се држат две старечки.

Што ако ве излажале дека треба да си најдете еднаков на себе? Мене не успеале да ме излажат за такво нешто бидејќи никогаш не сум видела толкава борба и храброст како во љубовта со која соседите и стрините се осудувале од прозорците. Како тие да се мерка на вашиот живот.

Што ако ве излажале дека љубовта мора да ја носи вашата нација и вера? Во весниците и приказните се пропаднатите, а јас со свои очи сум ги видела оние најголеми љубови, најубави деца, најмногу одрекувања и жртви каш кај таквите. И да, тие се среќни. Далеку од сите кои се откажале поради нивната љубов. И оние на кои им пропаднала мешаната љубов, баш како што би пропаднала и да не и била мешана.

Што ако ве излажале дека морате до 25? До 35? До 40, бидејќи е крајно време? Мене не успеале бидејќи никој толку вистински и реално не ми зборувал за љубовта како она која својата ја нашла на 50. И сега му трча во прегратка како девојче од 15 години.

Што ако цело време ве лажат? Што ако цело време се обидуваат да ве уверат дека љубовта е она што тие некогаш го имале, а сега веќе го немаат бидејќи престанува „кога сиромаштијата влегува на врата“, „кога ќе се родат деца“, „кога треба да се врати кредит“, „кога ја изобличува болест“, „кога веќе не може да спие со тебе три пати дневно“.

Не ми верувајте ниту мене. Верувајте си себе. Држете ја својата љубов цврсто: со рацете, нозете, ноктите. Бидејќи таа нема да престане, туку ќе се засили, баш кога ќе дојдат децата. Баш кога сиромаштијата ќе влезе на врата. Баш кога ќе треба да се врати кредитот. Баш кога тој ќе биде болен. Баш кога нема да спие со тебе три пати дневно. И можеби не сте вие направени со љубов, но правете нови деца со љубов. Или не ги правете. На некои љубови тие не им се потребни.

Само не дозволувајте да ве лажат. Другите ни се мешаат во платите, образованието, работата, здравјето, облекувањето, прехраната, влијаат на половина од нашиот живот бидејќи светот е таков. Но својата љубов не ја давајте никому. Бидејќи тоа е најмногу што ќе постигнете во животот.

Зошто ти е голема плата ако на крајот на денот влезеш во празен стан со торби со најнова облека која нема кој да ја искине. И сите пари на овој свет, ако немаш тоа со кого да го споделиш. Бидејќи од љубовта се живее. Од парите се преживува, и со парите се изживува.

Сподели.


Коментарите се затворени.