Избрани 21 композиција за „Макфест 2017“. Половината се со странски потписи

0

21 композиција , од кои 10 се авторско дело на странски музичари, ќе бидат дел од овогодинешново, 32-ро издание на најдобриот фестивал на забавна музика во државата:

  • Имаме авторски тимови речиси од цел свет, коишто ќе учествуваат на „Макфест 2017“. Имаме композиции од Финска, Литванија, Шведска, Грузија, Малта, Белорусија, Азербејџан, Бугарија, САД и Таџикистан, кажа Кирил Панајотов, координатор на „Макфест“.

Традиционално, на двете фестивалски вечери се изведуваат 30 композиции. Што ќе се направи за бројот да биде пополнет :

  • Според правилникот на Фестивалот, уметничкиот директор има право да ангажира авторски тимови, односно да нарача композиции за да се комплетира листата, која ќе имаме прилика да ја слушнеме на почетокот на месец октомври, објасни Панајотов.

Инаку, од годинава повторно се враќа стариот термин за одржување на фестивалот, односно почетокот на месец октомври.

Од организацијата најавија дека концептот на „Макфест“ останува ист, а се планираат само мали измени во делот на гласањето.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.