петок, април 26, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЗоран Мијалков со емотивен статус: Срце и душа ме болат што Петар...
spot_img

Зоран Мијалков со емотивен статус: Срце и душа ме болат што Петар ќе го мине роденденот со баба, братчето и мене, бидејќи нема другарчиња

Зоран Мијалков е пред сѐ голем човек и борец. Тој е еден од основачите на здружението „Сплотени срца“, здружение на родители на деца и возрасни со аутизам и сродни состојби, но и еден од иницијаторите на Инцијативата „5 до 12“ која се бори за остварување на човековите права и достоинствен живот за лицата со попреченост.

Мијалков е татко на две дечиња со аутизам. Од нив, поголемиот Петар денес полни 19 години.

По тој повод, Мијалков кој сам ги воспитува и води низ животот двете деца, напиша статус на социјалните мрежи кој како со нож, со зборовите и напишаното прободе многу срца. Барем на оние човечните меѓу луѓето.

„Утре мојот поголем син Петар ќе наполни 19 години. 

18 Јули пред 19 години ми беше Најсреќен ден во мојот Живот

Сега секој негов роденден правам сѐ за да биде среќен. А мене срце и душа не болат.

Петар нема другари и другарки, Петар не е прифатен, Петар неколку пати дури и беше повредуван од луѓе во кои се беше гушнал

Тешко ми е што ќе го мине роденденот со Баба, Братчето и мене.

И. И толку. Утре ќе бидам Кловн кој ќе направи се за да Петар и Братчето Никола бидат среќни, додека јас ќе умирам во себе.

ЌЕ НАПРАВАМ СЕ’ НАРЕДНИОТ РОДЕНДЕН ДА МУ БИДЕ ВИСТИНСКИ РОДЕНДЕН

Нека Бог ми се смилува и даде долговечност за да ти помагам во Животот“, напиша Зоран во емотивниот статус на неговиот фејсбук профил.

Мијалков често е активен на социјалните мрежи, каде секогаш отворено пишува за сите проблеми со кои се соочува како родител на деца со аутизам а во една прилика за медиумите тој изјави:

„Состојбата на лицата со посебни потреби е катастрофална, да не се лажеме. Се трудат нешто да направат институциите, ама сето тоа е без наша консултација. Во нормалните земји прво се прашуваат оние што имаат проблем. Во Штип има два центри за лица со попреченост и не функционираат како што треба, нема доволно стручен кадар, иако вработените се трудат колку толку, треба да се влезе и да се види“.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ