четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsПожарот во атарите на селата Софилари и Пенуш се уште не е...
spot_img

Пожарот во атарите на селата Софилари и Пенуш се уште не е изгаснат

 Пожарот од депонијата „Трештена скала“ до штипското село Софилари се уште не е изгаснат. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека во моментов пожарот се локализира со 14 пожарникари и четири противпожарни возила на ТППЕ-Штип. 

Пожарот сега е насочен кон селото Пенуш, какошто вели Коцев екипата веќе е замината и кон оваа место.

-Таму ќе се комплетираме и мислам дека и таму за кратко време ќе го локализираме пожарот. Остануваме на терен се до негово ликвидирање, вели Коцев.

Прашан за огнот кој се разгорува н аридот, кој е зад негово, Коцев вели дека во тој правец одат екипите

– Таму се комплетираат сите што се на терен и ќе вршиме гасење и на тоа место, вели Коцев.

Посочи дека Противпожарната единица- Штип има доволно пожарникари и за негово ликвидирање ќе треба уште кратко време. Пожарот почна од 13.35 часот на депонијата „Трешена скала“ по што поради силниот ветер излезе надвор од нејзиниот круг и се рашири на трева и нискостеблеста шума по околните ридови, а според проценките на Коцев зафатени се над 40 хектари сува треба, смрека, нискостеблеста шума. Пожарникарите успееја да спасат и неожнеано жито станува збор за површина од 20 до 30 декари.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ