Започнати се градежните работи за изградбата на делницата Штип – Кочани

0

Граѓаните од Истокот со нетрпение ја очекуваат изградбата на делницата од Штип до Кочани како дел од магистралната патна мрежа кој што се гради во државата. Овој патен правец ќе се гради во две фази од кои првата е изградба на делницата од Штип до Крупиште, а втората фаза од Крупиште до Кочани.

За реализација на втората фаза од изградбата на магистралниот пат Крупиште Кочани досега е завршена проектната документација, како и експропријацијата на земјиштето од сопстевниците на имот низ кој ќе минува делницата. Се очекува втората фаза од изградбата на овој магистрален пат да започне кон средината на оваа година.

kanalplus

Сподели.


Коментарите се затворени.