Ограбен маркет во центарот на Штип

0

Ограбен маркет во центарот на Штип.

  • Под закана со оружје, крадецот ги побарал парите од дневниот промет, вкупно 40.000 денари, по што заминал од маркетот. Се работи на откривање на сторителот, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Продавачот е во шок по преживеаното, а дрскоста и безобразието на крадецот, ги згрози штипјани:

  • Ова е страшно, кога ќе го открие полицијата нека го затвори и да не го пуштаат веќе, велат анкетирани жители на Штип

Безобразни и дрски има се повеќе, а кога во прашање се маркетите, оние што се одлучувата на грабеж, ретко кога влегуваат без оружје во рака.

Ова е четврти грабеж на маркет во Штип, сторен речиси на идентичен начин. Разликата е во тоа што претходно, наместо нож, крадците користеа пиштол.

Досегашното искуство покажа, дека крадците на маркетите, не остануваат долго непознати за полицијата. Сите сторители во претходните случаи се експресно откриени.

star

Сподели.


Коментарите се затворени.