Во Штип ќе се гради првиот Центар за рехабилитација од алкохолизам

0

Невладината организација „Здрав живот” не се откажува од идејата во Штип да се отвори првиот Центар за рехабилитација од алкохолизам во државата. Иако првично локалната самоуправа на користење им го даде старото училиште во село Лесковица, изградбата е стопирана. Како причина здружението ја посочува неинформираноста на месното население.

За имплементирање на овој проект, потребен е објект од околу стотина квадрати, како и обработливо земјиште. Центарот е замислен да функционира по теркот социјално претприемништво, односно преку работа и секојдневни активности, зависниците да ја искоренат желбата кон алкохолот. Набавени се и машини за изработка на мебел, но поради немање на соодветен простор, истите не можат да се стават во функција.

iris

Сподели.


Коментарите се затворени.