Почина затвореник во Штипскиот затвор

0

Почина затвореник во Штипскиот затвор. Телото на 29 годишниот штитеник на Штипскиот Казнено поправен дом со иницијали Е.Ј. од Штип, вчера попладнето е пронајдено мртво во неговиот кревет во една од затворските ќелии.
Случајот во полиција го пријавиле дежурните надзорници, а телото по наредба на обвинител е предадено на обдукција. Pезултатите од обдукцијата треба да ги кажат причините за смртта на затвореникот.
Засега не се соопштуваат никакви детали околу околностите под кои починал затвореникот, ниту околу тоа дали претходно имал историја на болест. Истрагата за смртта на затвореникот е во тек.

star

Сподели.


Коментарите се затворени.