Почна да се гради новата мини обиколница во Штип

0

Почна да се гради мини обиколницата од штипската населба „Сењак” до фабриката за чевли „Баргала” во Штип. Портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов, на денешната прес-конференција рече дека изградбата на мини обиколницата и на нов мост на реката Брегалница ќе има функција за побрзо сообраќајно поврзување на неколку големи штипски населби, со индустрискиот дел на градот.

Градежната фирма која го реализира проектот, за да нема пречки во работата, бара од страна на граѓаните кои имаат времени објекти, бараки, покрај коритото на реката Брегалница, под итно да ги отстранат.

Станува збор за еден од најголемите инвестициски проекти на Општина Штип за оваа година, кој беше проценет на 57,7 милиона денари, но по извршената лицитација, истиот ќе се реализира за 36.5 милиони денари или околу 590.000 евра. Проектот во наредните шест месеци ќе го реализира штипската компанија „Актива”.

iris

Сподели.


Коментарите се затворени.